Македонскиот репрезентативец, Дарио Ивановски е победник на 21-то издание на Скопскиот атлетски маратон. Мараонската трка се одржа во неделата во Скопје со рекорден број на учесници, 14.000 од 58 земји.
Дарио Ивановски во драматичен финиш, успеа да го мине фаворизираниот Кениец, Џулиус Кипкоеч. Лидерската позиција Ивановски ја презеде на два километри пред целта, на крајот победи со резултат од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Кениецот мораше да се задоволи со втората позиција со резултат од 02:15:20 часа, а третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили (02:24:48 часа).
Ова е втора победа за Ивановски на Скопскиот маратон, претходно триумфираше во 2021 година. Со оваа победа најдобриот македонски маратонец стана и балкански и национален шампион.
Во женска конкуренција втора година по ред победи Ирине Черуто. Атлетичарлата од Кенија патеката ја мина со време од 2 часа, 38 минути и 31 секунда. Втора на целта пристигна Бугарката Маринела Нинева (2.45.36 часа), со што стана и балаканска шампионка. Третата позиција и припадна на атлетичарката од Азербејџан Ана Јусупова (2:36:13 часа).
Албон Имери од Косово, победи на полумаратонската трка. Делницата од 21 километар ја мина за со време од 1:07.57 часа. Имери победи пред македонските атлетичари Иван Пешовски (1:11.30 часа) и Александар Арсов (1:12:52).
И во женска конкуренција, во полумаратонот победи, редоследот беше ист како и кај мажите.
Победи Греша Бакрачи од Косово(1:20.50), пред македонските натпреварувачки Теа Божиновска (1:21.10) и Миљана Ристиќ Стојческа ( 1:22.13 часа).
Foto/ Instagram