Top Sport

Дарио Ивановски во Битола постави нов македонски рекорд во полумаратон

Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското првенство во полумаратон кое денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“.

Ивановски полумаратонот од 21 километар го истрча со време од 1:04.45 часа, што е нов државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција.

Второпласиран на трката заврши Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:04:25, а третопласиран беше Романецот Стефан Иулис Гавлила со 1:07:42.

Во женска конкуренција победи Луиза Гега од Албанија, една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчез и финалистка на последното Светско првенство, со време од 1:14:30 часа.

Второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета заврши Бугарката Девора Аврамова.

Scroll to Top