Top Sport

Дастин Поаире по крвавата победа е новиот предизвикувач на Хабиб (видео)

Дастин Поаире ќе биде следниот противник на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, откако го совлада Макс Холовеј во главниот меч на УФЦ 236 во Атланта, Џорџија.

Поаире (25-5) победи со едногласна судиска одлука со 49:46, откако во вториот меч со Холовеј (20-4) беше поактивниот фајтер и го неутрализираше противникот со одлична дефанзивна стратегија. Сега, следен меч за Американецот со прекар „дијамант“ ќе биде пресметка со Нурмагомедов, најверојатно во Абу Даби во септември.

„Во моментов како да сум во сон. Чувствувам дека сум најдобриот фајтер без разлика на категоријата. Да бидеш најдобар, мораш да ги победиш најдобрите и го заслужив ова. Крв. Платено во крв. Сега имаме појас за борба“, изјави Поарие.

УФЦ 236 донесе уште еден фасцинантен меч, откако Израел Адесанја го победи на поени Кевин Гастелам во меч кој коментаторите го нарекоа „дуел на годината“. Новозеланѓанецот со нигериско потекло Адесанја беше подобар во пет фуриозни рунди, иако Гастелам беше првиот фајтер кој го прати на подот Адесанја. Следен за него е дуел за обединување на титулите со Роберт Витејкер.

Scroll to Top