Top Sport

Грдата страна на дербито – неспортски гест на фудбалерите на Милан

Саботната важна победа на Милан од 1:0 над Лацио беше во сенка на случувањата по мечот, откако Тиемуе Бакајоко и Френк Кеси по крајот решија да „позираат“ со дресот на дефанзивецот на гостите Франческо Ачерби, кој потоа ги обвини двајцата дека сакаат да „созадаваат омраза“.

Тензичниот меч еруптираше во тепачка во финишот, кога Луиз Фелипе и Фабио Борини беа најборбени, но потоа дојде вистинската контроверза. Ачерби пред мечот изјави дека Лацио имаат „подобар тим, човек-по-човек, од Милан и едноставно нема споредба“. Бајакоко и Кеси откако го добија дресот на Ачерби по мечот, решија да го покажат како трофеј пред навивачите, и Ачерби веднаш реагираше на Твитер.

„Разочаран сум бидејќи го сменив дресот за да се стави крај на тоа. Да се создава омраза не е спорт, туку знак на слабост“, напиша Ачерби на Твитер.

Чиро Имобиле ги нарече фудбалерите на Милан „мали луѓе“, а Бакајоко се јави со порака дека се работело за „шега, со која не сакале да покажат непочитување“ и се извини на Ачерби.

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо не беше подготвен за шеги и најави казни за фудалерите.

„Се извинуваме за тоа. Мислам дека дојде време големите клубови да ги ограничат социјалните мрежи за професионалците. Наместо да се фокусираат на тренинзите, тие своите палци ги користат за мобилните телефони“, вели Гатузо.

Милан од „белата точка“ чекори кон ЛШ (Видео)

Scroll to Top