Шпанскиот тенисер Давид Ферер го одигра последниот меч во кариерата. Во второто коло, на Мастерсот во Мадрид, 37 годишниот Ферер во два сета загуби од Александар Зверев. Германецот за 71 минута го победи Ферер со 6:4, 6:1.
Ферер, најави дека кариерата ќе ја заврши во Барселона, но откако доби покана од организаторите на Мастерсот во Мадрид, реши да учествува и на овој турнир.
Во текот на кариерата која ја започна во 2000 година, Ферер освоил 27 титули, а највредна е онаа од Мастерсот во Париз во 2012 година.
Кариерата ја заврши со 734 победи и 376 порази. Најдобар пласман на АТП листата му било третото место, во јули 2013 година.