Top Sport

Давид Ферер му станува нов тренер на Зверев

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека пензионираниот шпански тенисер Давид Ферер ќе биде нов тренер на Германецот Александер Зверев.

23-годишниот Зверев го избрал поранешниот светски рекет број 3, Ферер да го подготвува за сезоната на земја оваа есен, која ќе почне со два Мастерс 1000 турнири во Мадрид и Рим, по што ќе следува Ролан Гарос. Ферер ќе помине 15 дена во Монте Карло со Зверев по што ќе се донесе конечна одлука дали ќе се продолжи соработката.

38-годишниот Ферер, кој во кариерата освои 27 сингл титули и беше финалист на Ролан Гарос во 2013 година, го одигра својот последен меч во кариерата на Мадрид опен во 2019, интересно токму против Зверев.

Scroll to Top