Top Sport

Давидович-Фокина не запира, ќе се бори за трофејот во Монте Карло

Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина избори пласман во финалето на мастерсот во Монте Карло. Во првото полуфинале на турнирот, Давидович-Фокина по два часа и 42 минути го победи Григор Димитров со 6/4, 6/7, 6/3.

Давидович-Фокина, во моментов 46. на АТП листата, прв пат во кариерата ќе се бори за трофеј.

Младиот Шпанец имаше можност да го реши полуфиналето во два сета, сервираше за меч при водство 5:4, сепак Димтров успеа да се врати во мечот, а во тај-брејкот израмни на 1:1.

Бугаринот направи брејк во третиот сет, дојде до 2:0, имаше три брејк топки за предност од 3:0, откако не ги искористи, неговата игра се распадна. Шпанецот освои пет гема по ред и го реши мечот.

Во првото финале во кариерата, Давидович-Фокина ќе игра против бранителот на трофејот Стефанос Циципас или Александар Зверев.

Scroll to Top