Top Sport

Де ла Хоја: Би го средил Мекгрегор во две рунди

Американската боксерска легенда Оскар де ла Хоја се понуди да биде следниот противник на Конор Мекгрегор во рингот, девет години по неговиот последен меч, но и по изјавата дека мега-мечот на Мекгрегор со Флојд Мејведер Јуниор е „фарса“ и дека треба да се спречи да се одржи.

44-годишниот Дела Хоја се пензионираше во 2009 година по поразот од Мани Пакајо, а во кариерата освои 10 светски титули во шест различни тежински категории, добивајќи го прекарот „Злато момче“.

„Знаеш дека сум конкурентен. Уште го имам тоа што е потребно. Потајно тренирам и побрз сум и посилен од било кога претходно. Знам дека ќе го победам Конор Мекгрегор во две рунди. Толку ми е потребно. Само толку ми се потребни“, вели Де ла Хоја.

Мекгрегор ги надмина скромните очекувања во своето деби во рингот, откако против непоразениот Мејведер издржа 10 рунди, но најави дека сака враќање на УФЦ мечевите. Де ла Хоја има само еден услов – мечот да се одржи во боксерски ринг, а не во октагон.

„Во кафез, тој би ме уништил. Само во рингот“, додаде Де ла Хоја.

Scroll to Top