Top Sport

Де ла Хоја: Тајсон може да ги нокаутира сите и на 53 години! (видео)

Мајк Тајсон без проблем би ги нокаутирал актуелните боксери во тешка категорија иако има 53 години, вели боксерската легенда Оскар де Ла Хоја откако го погледна спарингот на „Челичниот“ кој најави враќање во рингот за серија егзибициски мечеви за добротворни цели.

Тајсон ги почна подготовките и се пофали со видео на Инстаграм, покажувајќи дека има уште сила и покрај сите работи кои му се случија во животот, а Де Ла Хоја како и сите најзачуден беше од брзината на ветеранот.

„Сигурен сум дека ако тренира за 12 рунди ќе нокаутира било кој од момците во тешка категорија. Нема сомнеж“, вели Де Ла Хоја, кој во својата кариера освојуваше титули во шест тежински категории пред да ја формира успешната промотерска компанија „Голден бој“.

Тајсон последен пат беше во боксерскиот ринг во јуни 2005 година, кога беше нокаутиран во смешен меч од анонимниот Ирец Кевин Мекбрајд.

Тајсон најавува спектакуларно враќање во боксерскиот ринг на 53 години

Scroll to Top