Top Sport

Тајсон најавува спектакуларно враќање во боксерскиот ринг на 53 години

Легендарниот поранешен шампион во тешка категорија, 53-годишниот Мајк Тајсон откри дека се подготвува за изненадувачко враќање во рингот за меч во четири рунди за добротворни цели.

„Челичниот“ се повлече од боксот во јуни 2005 година, кога беше нокаутиран од анонимниот Кевин Мекбрајд, но сега вели дека се наоѓа во најдобрата форма во неговиот живот. Тајсон беше крунисан за најмлад светски шампион во тешката категорија на 20 години и во 20-годишната кариера нокаутираше 44 од своите 50 противници.

Зборувајќи со раперот Ти Ај на Инстаграм, Тајсон призна дека последните недели работи на враќањето.

„Удирам со ракавици последната недела и беше многу тешко. Се обидувам да се вратам во рингот, сигурно ќе боксувам во некои егзибициски мечеви од три-четири рунди за некои добротворни организации. Некои такви мечеви, да заработам некој долар, да помогнам на некој бездомник и зависник од дрога каков што сум јас“, вели Тајсон.

Scroll to Top