Марко Шварц и Петра Влхова се победници на новогодишната атракција, паралелниот слалом во Осло во вторникот. За Шварц ова е прва победа во кариерата, додека Влхова стигна до слатка победа над својата вечна ривалка, Американката Микаела Шифрин.
Шварц до својата прва победа во кариерата стигна откако неговиот британски ривал во финалето, Дејв Рајдинг утна една врата и не успеа да стане првиот Британец во 51-годишната историја на Светскиот куп кој победил. Рајдинг го елиминираше лидерот во генерален пласман, Марсел Хиршер во четврт-финалето.
23-годишните Шварц и Влхова претходно освоија златни медали на Младинската олимпијада во 2012 во Инсбрук, Австрија. Оттогаш Влхова стигна до шест победи, додека за Шварц ова е деби. Ноќната трка во Осло се одржа на арената за ски-скокови Холменколен каде што се одржуваше Зимската олимпијада во 1952 година.