Денес во Пекинг ќе бидат отворени 24.Зимски олимписки игри (ЗОИ). Македонија на Игрите ќе биде застапена со тројца натпреварувачи.
Знаменосец на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг, ќе биде Дардан Дехари. Претходно беше предвидено Дехари и Ана Цветановска заедно да го носат знамето, меѓутоа Цветановска е во изолација поради контакт со заразено лице.
Цветановска, која на сите тестови имала негативни резултати, според протоколот мора да биде во изолација, откако два позитивни теста добил нејзиниот тренер Борче Јованоски.
Доколку има два последователни негативни тестови, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот Ковид хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.