Македонскиот сребрен олимпиец Дејан Георгиевски оствари триумф во четврфиналната борба во таеквондо во категоријата над 80 килограми на Медитеранските игри 2022 година. Сега му претстои завршница и борба за медали.
Тој на поени со 20:18 го совлада Египќанецот Ахмад Мохамед и обезбеди полуфинале и ќе се бори за медал.
Во полуфиналето Георгиевски од 18.45 часот ќе се бори со Мароканецот Басел.