Top Sport

Дејан Георгиевски обезбеди полуфинале и ќе се бори за медал на Медитеранските игри

Македонскиот сребрен олимпиец Дејан Георгиевски оствари триумф во четврфиналната борба во таеквондо во категоријата над 80 килограми на Медитеранските игри 2022 година. Сега му претстои завршница и борба за медали.

Тој на поени со 20:18 го совлада Египќанецот Ахмад Мохамед и обезбеди полуфинале и ќе се бори за медал.

Во полуфиналето Георгиевски од 18.45 часот ќе се бори со Мароканецот Басел.

Scroll to Top