Top Sport

Дејвис куп: Франција го освои првиот поен против Хрватска

Тениската репрезентација на Франција го намали резултатот против Хрватска на 1:2, во финалниот меч во Дејвис купот.

Првиот поен на Французите во финалето, кое се игра во Лил, им го донесоа Пол-Анри Ебер и Никола Мау. Овие двајца со 3.1 (6:4, 6:4, 3:6, 7:6) ја совладаа хрватската комбинација Иван Додиг и Мате Павиќ.

foto: epa

Финалето продолжува утре со мечот помеѓу Ѓереми Шарди и Марин Чилиќ. На Хрватска и е потребен уште еден поен за да ја освои титулата во последното издание на Дејвис купот во овој формат.

Scroll to Top