Top Sport

Дел Потро е пред најголемиот предизвик во кариерата

Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин дел Потро почна со тренинзите по долгото опоравување од повредата.

Тој првпат се најде на теренот по јуни минатата година кога мораше да направи пауза поради повреда на десното колено. Истиот проблем Аргентинецот го има уште од 2018 година.

Шампионот од САД опен од 2009 година на крајот на јануари имаше операција во Мајами и од тогаш работи на зацврстување на тој дел од телото за да не мора да оди во тениска „пензија“.

Иако се уште чувствува болка, информациите се дека тој успеал да одработи неколку тренизи на тврда подлога на терени во Буенос Аирес.

Доколку 31-годишникот успее доволно да се опорави, тој сака да се врати со полна сила.

Scroll to Top