Top Sport

Барса: Ја разбираме одлуката за Златна топка, се знае кој е најдобриот

Поради пандемијата со коронавирусот во светски рамки, престижната Златна топка годинава нема да биде доделена. Така одлучи угледниот француски весник „France Football“.

Ова ќе е првпат од 1956 година Златната топка да не биде доделена.

Попладнево се јавија од Барселона и порачаа дека ја разбираат одлуката, но и додадоа дека и без трофеј, јасно е кој е најдобриот во светот.

„Ја разбираме одлуката. Впрочем, сите знаат кој е најдобар“ беше пораката на Каталонците приказена под фотографијата на Лионел Меси со 6 освоени награди за најдобар играч во светски рамки.

Тој има најголем број Златни топки во историјата, една помалку од него има португалскиот ас, Кристијано Роналдо.

Scroll to Top