Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро (30) се повлече од учеството на претстојниот гренд-слем турнир, УС-Опен затоа што не успеа да ја санира повредата на коленото. Дел Потро повторно го повреди коленото на турнирот во Квинс во јуни гоиднава, па поради тоа го пропушти Вимбдон. Му беше направен хируршки зафат.
Откако во 2009 година Аргентинецот го освои УС-Опен, тој во три наврати го оприраше левиот зглоб на раката, еднаш десниот зглоб, но сепак се враќаше на натпреварувањата.
Минатата година стигна до финалето на УС-Опен и го освои Мастерсот во Индијан Велс, но најави дека поради повредата на коленото би можел да стави крај на кариерата.
Замена на Аргентинецот на гренд-слемот ќе биде Американецот Денис Кудла.
УС-Опен започнува на 26 овој месец во Њујорк.