Top Sport

Дел Потро на Изнер во полу-финалето во Мајами

Хуан Мартин дел Потро и Џон Изнер се пласираа во полу-финалето на Мастерс турнирот во Мајами. Аргентинецот и Американецот за пласман во финалето ќе играат в петок од 19 часот.

Дел Потро против Милош Раониќ мина речиси три часа на теренот и победи по голема борба, откако во тај-брејк ги доби вториот и третиот сет. Раониќ првито сет го доби со еден брејк (7:5), откако не направи ниту една грешка во своите сервис гемови.

Изнер многу полесно успеа да го скрши Хјеон Чунг. Американецот за само 69 минути игра го победи тенисерот од Јужна Кореја со 6:1, 6:4.

Втората полу-финална двојка ќе биде формирата по одигрувањето на четврт-финалните натпревари Пабло Карењо Буста-Кевин Андерсон и Александар Зверев-Борна Чориќ.

Scroll to Top