Top Sport

Дел Потро пак ќе оди „под нож“

Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин дел Потро најверојатно ќе мора поторно да оди на операција. Тој во текот на кариерата има големи проблеми со зглобовите, па неколкупати досега беше на операција. Сепак овојпат се работи за коленото.

Аргентинецот повредата ја заработи минатата есен на Мастерсот во Шангај кога незгодно падна и тогаш напукна чашката на коленото. Според информациите на аргентинските медиуми, новата пауза на Дел Потро ќе изнесува меѓу 4 и 6 месеци.

„Факт е дека Дел Потро не сака повторно да оди на операција. Четирипати досега го оперираше зглобот на раката. Проблемот со коленото е што регенеративниот тераписки третман не ги даде посакуваните резултати, па затоа операцијата е најдобрата опција“ – пишува аргентински „La Nasion”.

Scroll to Top