Top Sport

Судел на три Мундијали, а сега е осомничен дека присилувал колеги на секс

Поранешниот колумбијски судија, Оскар Руиз, еден од најдобрите јужноамерикански делители на правдата е осомничен дека од тројца колеги – судии барал сексуални услуги во замена за да им помогне професионално да напредуваат.

42-годишниот судија ја делеше правдата на Светските првенства во 2002, 2006 и 2010 година, а сега работи како ФИФА – инструктор по судење.

Судиите Харолд Периља, Карлос Чавес и Хулиан Меија рекле дека Руиз со години сексуално ги вознемирувал.

„Сексуално ме вознемируваше во 2007 година, се додека не се повлеков. Не престануваше, секогаш бараше физички контакт. На почетокот ми зборуваше болни работи. Најлошото беше кога се обидуваше да ги допре моите тестиси и задникот. Го одбив и тогаш почнаа проблемите со него“ – раскажал Периља за колумбиско радио.

Тој истакнал дека Руиз е многу интелигентен затоа што никогаш не оставил никаква пишана трага.

Чавес, пак, раскажал за детали од инцидент кој се случил по еден натпревар во Купот на Колумбија.

„Излегов од бањата, а тој ме допре по задникот и ми рече: Ова вечерва ќе ја плаќа сметката. Му реков да не си игра со мене“ – вели Чавес.

Постапка против осомничениот судија била водена во 2010 година поради вознемирување на колегата Маурицио Санчес, но тој бил прогласен невид поради недостаток од докази.

Scroll to Top