Top Sport

Дел Потро повторно го пропушта Австралија опен

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро петти пат во последните шест години ќе го пропушти првиот грен-слем во сезоната, Австралија опен. 31 годишникот се уште се рехабилитирал од повредата на коленото.

Дел Потро го пропушти вториот дел од минатата сезона, бидејќи мораше да го оперира коленото. Аргентинецот се повреди на турнирот во Квинс, една недела пред почетокот на Вимблдон.

Поранешниот „број 3“ во светскиот тенис, во моментов се наоѓа на 122 место на АТП листата. Тој на грен-слемот во Мелбурн два пати играч четврт-финале во 2009 и 2012 година.

Покрај Де Потро год настапот на Австралија опен се откажаа Енди Мареј и Кеи Нишикори.

Австралија опен на програмата ќе биде од 20 јануари до 2 февруари.

Scroll to Top