Top Sport

Започна чистката во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им соопштил на тројца играчи дека до крајот на месецов можа да го напуштат клубот. Станува збор за тројца искусни играчи Немања Матиќ, Ешли Јанг и Маркус Рохо.

Ед Вудворд, првиот оперативец на „црвените ѓаволи“ во овој преоден рок ќе се обиде да му ги исполни желбите на Солскјер. Тој веќе им соопштил на тројцата фудбалери дека нивните услуги веќе не им се потребни во клубот.

Матиќ на „Олд Трафорд“ пристигна во ерата на Жозе Мурињо. Српскиот репрезентативец оваа сезона не се наоѓа во плановите на тренерот Солскјер, иако играше на последните два натпревари.

Јанг е во Манчестер Јунајтед од 2011 година, еден е од ретките во овој состав што беше дел од составот што ја освои последната шампионската титула во 2013 година. Јанг има 34 години, а слично како и Матиќ ретко добива шанса оваа сезона.

Рохо е играч на Јунајтед од 2014 година, клубот за него издвои 16 милиони фунти. Аргентинецот блесна на Светското првенство во Бразил во 2014 година, но во Јунајтед не го покажа сиот свој потенцијал.

Scroll to Top