Top Sport

Дел Потро „преживеа“, Остапенко и Кербер во полуфинале

Хуан Мартин дел Потро ја заврши работата против Французинот Жил Симон за вторпат во кариерата да се пласира во четврт-финалето на Вимблдон, каде што ќе го чека светскиот број 1, Рафаел Надал.

Петтиот носител од Аргентина водеше со 2:1 во сетови пред мечот да биде прекинат во понеделникот. Последниот сет беше епски, пред Дел Потро да победи со 7:6(1)/7:6(5)/5:7/7:6(5). Делпо губеше со 3:1, но се врати за 5:4 водство и имаше две меч-топки на 40:15, пред 33-годишниот Симон да примора тај-брејк.

Кај дамите пак, се „постави“ едното полуфинале на две поранешни гренд слем шампионки – 11. носителка Анџелике Кербер и 12. носителка Јелена Остапенко.

Двократната гренд слем шампионка Кербер со 6:3/7:5 ја совлада руската тениска надеж Дарја Касаткина по час и половина на „Централниот терен“. Остапенко, поранешната шампионка од Ролан Гарос, со 7:5/6:4 ја совлада Доминика Цибулкова.

Второто полуфинале ќе биде познато по дуелите Серена Вилијамс-Камила Џорџи и Кики Бертенс-Јулија Гергес.

Фото: ЕПА

Scroll to Top