Top Sport

Денес се плива Охридскиот маратон

За три часа во Охрид ќе започне 32.издание на пливачкиот маратон, на кој ќе настапат 30 пливачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција). Меѓу пријавените се и ланските победници Германецот Александар Стуџински во машка, а во женска Барбара Позобен од Италија. Македонија ќе ја претставуваат Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.

Маратонската трка ќе се плива традиционално на патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид. За оваа прилика патеката е скратена за пет километри. Должината на патеката изнесува 25 километри, а не како што беше години наназад 30 километри, се со цел Охридскиот пливачки маратон да влезе во програмата на светската, европската и олимписката пливачка елита.

Стартот на пливачкиот маратон ќе го означи 11.кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија.

Наградниот фонд на 32. Охридски пливачки маратон е 15.000 долари.

Scroll to Top