Top Sport

Поради Серена Ролан Гарос воведува „дрес код“

Претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гидисели, во интервју за „Тенис магазин“, рекол дека поради Серена Вилијамс на Ролан Гарос ќе биде воведен „дрес код“.

Серена по долгата пауза се врати на големата сцена, а на годинешното издание на вториот гренд слем во сезоната се појави со впечатлива гардероба. Серена своите мечеви ги играша во костум инспириран од филмот „Жена мачка“.

„Се чувствувам како принцеза воин во овој костум. Секогаш сум сакала да бидам хероина“, изјави пред неколку месеци Серена Вилијамс.

Од нејзиниот изглед очигледно не бил импресиониран Гидисели, кој најави воведуање на „дрес код“, нешто што според традицијата постои на Вимблдон.

„Мислам дека некогаш се оди предалеку. На пример комбинација каква што носеше Серена Вилијамс повеќе нема да се толерира. Морате да го почитувате тенисот и местото на кое се наоѓате. Сите сакаат да уживаат во тенисот“, рекол првиот човек на францускиот тенис.

Гидисели рекол дека правилата за спортската опрема на Ролан Гарос нема да бидат толку строга како во Вимблдон, каде тенисерите и тенисерките мора да настапуваат во бела опрема, но потенцирал дека ќе бидат воведени одредени ограничувања.

Многу тенисери и тенисерки веќе имаат дизајнирана опрема за 2019 година, а Гидисели најавил дека Тенискиот сојуз на Франција ќе побара од спортските производители однапред да има увид во опремата.

Scroll to Top