Top Sport

Дениз Херман освои злато во бијатлон

Германската бијатлонка, Дениз Херман, изненадувачки победи на индивидуалната трка на 15 километри.

Херман, забележа време 44:12.7 минути. Второто и припадна на Ан Севаље-Буше од Франција, а третото на Норвежанката Марте Ројселанд.

Херман, пред последното гаѓање, беше на деветтото место. Сепак во последните 5 километри одлично трчаше, не промаши ниту еднаш и го оствари најголемиот успех во кариерата.

Ова е втор олимписки медал во кариерата за Германката.Во Сочи, во 2014 година, освои бронза, во друга дисциплина. Таа беше членката на германската штафета, која во крос-канри го освои третото место.

На бијатлон се префрли во 2016 година.

Scroll to Top