Извршниот директор на Денвер Бронкос, Џо Елис, објави дека франшизата е ставена на продажба. По смртта на поранешниот сопственик, Пет Боулен, тимот беше под надзор. Во Денвер се надеваат дека ќе добијат нов сопственик до почетокот на сезоната 2022.
Франшизата се наоѓа под надзор од НФЛ од 2014 година, кога на сопственикот Боулен му беше откриено дека боледува од Алцхајмеровата болест. Боулен ги купи Денвер Бронкос во 1984 година. Во неговата ера, Денвер седум пати играа на Супербоул, освоија три титули до 2019 година кога Боулен почина.
По смртта на Боулен, неговите седум деца и членовите на раководството ја започнаа правната битка околу тоа кој ќе управува со франшизата. Минатиот месец, пред судот се договорија франшизата да биде продадена.
Во продажбата учествува семејството Боулен и претходниот мнозински сопственик, Едгар Кајзер.
„Форбс“ процени дека Денвер Бронкос вредат 3.750.000.000 долари. Се очекува франшизата да биде продадена за најмалку 4.000.000.000 долари, што ќе биде рекордна сума за една спортска франшиза во САД.