Лелиса Десиса од Етиопија го освои златниот медал во машката маратонската трка на Светското првенство во атлетика во Доха.
За да ги избегнат лошите временски услови (високата температура и влажност на воздухот) трката започна пред полноќ.
Десиса забележа време од два часа, десет минути и 40 секунди. Ова е прв златен медал за Етиопија во маратон по 2001 година.
Успехот на Етиопија поголем го направи Мосинет Геремју кој заврши на второто место, со само четири секунди послабо време од Десиса. Бронзата ја освои Амосу Кипруту од Кенија.