Новак Ѓоковиќ, во неделата, ја освои 20.Гренд слем титула во кариерата. Ѓоковиќ, во финалето со 3-1 го победи Матео Беретини. Српскиот играч трет пат во низа победи на тревата во Лондон, вчерашниот трофеј е шетти за него на терените на Вимблдон.
Ѓоковиќ, вниманието го провлече и по самото завршување на финалето. откако прослави со својот тим, направи селфи со едно момче на трибините, се врати по својот рекет кој потоа заврши како подарок кај едно девојче.
Англиските медиуми открија дека девојчето се вика Иванка Ли има седум години, тренира тенис, го обожува Ѓоковиќ.
„Прв пат беше на финалето на Вимблдон, прв пат го виде Ѓоковиќ. Се надевам дека тој рекет еден ден ќе и донесе среќа на Вимблдон. Таа го обожува тенисот“, рекла нејзината мајка.