Top Sport

Дезориентиран боксер заврши во кома

Јужноафриканскиот боксер Симишо Бутелези, по борбата со Сифесиле Мтунгва, се наоѓа во кома.

Деновиве на интернет кружи видео од борбата, за шампионскиот појас во лесна категорија во верзијата ВБФ, помеѓу Бутелези и Мтунгва.

Како што можете сами да видите, откако Мтунгва заврши во јажињата, судијата го прекина мечот, а потоа дава знак борбата да продолжи, но во тој момент забележливо е дека Бутелези не знае каде се наоѓа.

Тој се врти кон аголот каде што нема никој, мислејќи дека таму е неговиот противник и удра во празно. Дезориентираниот јужноафрикански боксер беше отстранет од рингот, а победата и беше доделена на Сифесиле Мутунгви.

Бутелези веднаш бил пренесен во болница и според медиумите се наоѓа во индуцирана кома.

„Не е добро. Не можеме да кажеме дека неговото здравје е добро, критично е, но е стабилно. Имаше крварење во мозокот, но успеавме да го спречиме и неговата состојба редовно се следи“, изјави неговиот лекар Буџи Мабасо Дламини. .

Ова е многу бизарна ситуација, бидејќи според официјалниот извештај Бутелези не добил посериозни удари во текот на мечот, дури двајца од тројцата судии нему му доделиле повеќе поени, додека третиот борбата ја бодувал со нерешен резултат.

 

Scroll to Top