Ламине Диак, поранешниот претседател на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), во четвртокот пред судот во Париз изјави дека го „успорувал“ решавањето на руските допинг случаи од 2011 до 2013 година поради спонзорскиот договор со една руска банка.
87-годишниот Сенегалец е обвинет за корупција, перење пари и прекршување на договори, прекршоци за кои може да добие до 10 години во затвор. Тој вели дека не сакал да ги заштити атлетичарите, туку да се осигура да не се појави јавен скандал.
„Кој одлучи да ги ’рашири’ суспензиите и санкциите? Јас. Сите велеа дека ризикувам, но тоа не ни пречеше тивко да се бориме со допингот. Кога се појави рускиот скандал со позитивните случаи, ИААФ се наоѓаше во тешка финансиска криза и мојата должност беше да помогнам ИААФ да излезе од кризата“, вели Диак.
Обвинителите тврдат дека Диак добил 3.45 милиони евра во поткуп од атлетичари кои биле обвинети за допинг за тие да можат да продолжат да се натпреваруваат. Покрај тоа, тој добил 1.5 милиони долари од руски извори, пари кои се префрлиле на сметката на Маки Сал во изборот за претседател на Сенегал во 2012 година.