Иако вчера Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) објави дека одлука за можно одложување на Олимписките игри во Токио во 2020 ќе биде донесена во следните четири недели, долгогодишниот член на ИОЦ, Дик Паунд во изјава за „УСА тудеј“ вели дека одлуката веќе е направена и дека сега се разговара за деталите.
„Според информациите кои ги има ИОЦ, одложувањето веќе е одлучено. Параметрите по кои ќе се оди во иднина не е утврдено, но Игрите нема да стартуваат на 24 јули, тоа е сигурно. Ќе биде официјално објавено во фази. Прво одлуката, а потоа плановите“, изјави Паунд.
Денеска, Канада објави дека нема да прати тим на Олимпијадата ако таа се оддржи во предвидениот термин, додека олимписките комитети на Германија, Норвешка и Бразил официјално побараа одложување.
Ако Игрите се одложат тоа ќе биде првпат во историјата да се случи преместување на Игрите. Игрите трипати беа откажувани за време на двете светски војни, а во 1976, 1980 и 1984 година имаше бојкоти, но се оддржаа.