Top Sport

Димитар Ѓеорѓиев повторно е светски првак во кик-бокс

Димитар Ѓеорѓиев стана светски првак во кик-бокс. Светското првенство се одржува во Италија. Ѓеорѓиев, ја декласира конкуренцијата до 81 килограм, во дисциплината лоу-кик.

Македонецот, во финалната борба со 3:0, го победи Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3:0.

Претходно со ист резултат, Ѓеоргиев ги совлада Милош Даковиќ (Србија), Давид Дано (Италија) и во полу-финалето Бугаринот Никола Николов.

Ѓеорѓев, во Италија, четврти пат во кариерата стана светски шампион. Претходно, во 2011, 2013 и 2015 година, беше светски првак во дисциплината кик-лајт.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');