Top Sport

Димитров: И кажав на Никол дека за мене тенисот секогаш е на прво место

Бугарската тениска ѕвезда, Григор Димитров зборуваше отворено за својот личен живот и врската со поп-дивата Никол Шерцингер во интервју за „БТВ“.

Димитров вели дека тениската кариера останува негов прв приоритет, но признава дека еден ден би сакал да формира семејство.

„Тенисот доаѓа пред сите. Тешко е да имаш пријатели и затоа ги имам многу малку. Нема време за одмор. Понекогаш со Никол не се гледаме поради нашите обврски и таа почесто доаѓа кај мене. Сум и кажал дека за мене тенисот е на прво место. Или го правиш тоа или не и навистина е така. Еден ден сакам да имам семејство, но во моментов имам многу други цели“, вели 27-годишниот Димитров, кој ја заврши 2018 на 19. место на АТП листата.

Неодамна во интервју Роџер Федерер и Рафаел Надал изјавија дека Димитров е најзгодниот во нивноот спорт, а тоа тој веќе го потврди со врски со дами како Марија Шарапова, Серена Вилијамс и Шерцингер, инаку поранешна девојка на Ф1 шампионот, Луис Хамилтон.

Scroll to Top