Top Sport

Мендеш: Мурињо е пресреќен во Манчестер јунајтед

Жозе Мурињо е пресреќен во Манчестер јунајтед и е посветен на премиерлигашот и покрај шпекулациите во британскиот печат дека е подготвен да си замине, вели неговиот агент Жорге Мендеш.

Португалецот има кошмарен старт на сезоната со тимот од „Олд Трафорд“, кој е на осмото место во лигата, со дури 18 поени заостанување зад лидерот Манчестер сити по 15 натпревари. Мурињо поради ова честопати влегуваше во конфликт со британските медиуми, потенцирајќи ги своите остварувања со другите клубови, и шпекулациите велеа дека тој е подготвен да се предаде и покрај тоа што во јануари го продолжи договорот до 2020 година.

Мендеш вели дека ова не е вистина.

„Имаше многу шпекулации околу тоа дека Жозе Мурињо ќе си замине од Манчестер јунајтед. Тоа се невистинити. Жозе е среќен во клубот и клубот е задоволен со него. Има долгорочен проект со Манчестер јунајтед и посветен е на изградбата на клубот со победнички менталитет“, вели Мендеш.

Scroll to Top