Во исчекување на „епската“ двојка Новак Ѓоковиќ-Роџер Федерер, Григор Димитров го победи Американецот Френсис Тиафоу со 6:4/6:1 за да го донесе првиот поен за Европа во Лејвер купот во Чикаго.
Бугаринот Димитров, во дебито на второто издание на Лејвер купот, доминираше од старт до почеток против младиот Тиафоу, завршувајќи со 10 аса, од кои два во последниот гем од мечот. Во првиот сет, Тиафоу само во еден гем успеа да освои поени на сервис на противникот, а во вториот тој направи два брејка за безмилосна победа.
Во вториот меч од Лејвер купот играат Американецот Џек Сок и Британецот Кајл Едмунд, по што на програма е дуелот меѓу Белгиецот Давид Гофан и Аргентинецот Диего Шварцман. За крај, доаѓа шлагот, дуелот во двојки меѓу Федерер и Ѓоковиќ против Андерсон и Сок.
First set of the first match at #LaverCup 2018 goes to…@GrigorDimitrov #TeamEurope2018.
Follow the LIVE scores https://t.co/X7o7hgQ0O0 pic.twitter.com/FuumAC1iXY
— Laver Cup (@LaverCup) September 21, 2018