Бугарскиот тенисер Григор Димитров кој во моментов е 19-ти светски тенисер првпат јавно раскажа за борбата со коронавирусот. Тој беше учесник на „Адрија тур“ турнирите во Белград и Задар, по што беше обвинет дека ги имал симптомите и криел во текот на турнирите со што колегите и навивачите ги изложил на ризик.
„Морав да ги известам луѓето веднаш за да ги преземат сите превентивни мерки, не можев да ја имам таа одговорност и цел живот да ми висеше над глава. Доколку дознаев дека некога директно сум го заразил, јас ќе му помогнев. Ние сме професионални спортисти кои се натпреваруваат на највисоко ниво, но сме како и сите останати, само луѓе“ – вели Димитров.
Бугарскиот тенисер потврди дека го губел чувството на вкус и мирис.
„Имав само неколку лоши денови, бев истрошен. Морав да го намалам интензитетот на тренинг. Една од најдобрите работи што ги научив е да барате луѓе кои ве одржуваат во живот. Луѓе на кои секогаш можете да се потпрете“ – смета тенисерот.
Димитров вели дека Ковид 19 е пресвртница во неговиот живот.
„Благодарен сум на тоа време, во кое бев сам. Не беше лесно, никој не сака три недели да биде сам. Отсекогаш сум бил благодарна личност, но во последно време имам шанса да излезам надвор и да уживам во едноставноста“ – смета Димитров.