Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз, откако по три сета го победи Полјакот Хуберт Хуркач со 6:1, 4:6, 6:4.
Димитров се пласираше во полуфиналето по час и 40 минути игра, а во борбата за финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот во кој се среќаваат Карен Хачанов и Стефанос Циципас.
Бугаринот без поголеми проблеми го доби првиот сет, во кој му го одзеде сервисот на ривалот во вториот гем, а во шестиот гем уште еднаш направи брејк и за помалку од 30 минути го доби првиот сет.
Во вториот сет Хуркач играше посигурно, Димитров го задржа нивото, а првата брејк можност беше забележана дури во 10. гем, кога Полјакот ја искористи првата шанса и го доби гемот и израмни на 1:1.
Третиот сет се одвиваше по исто сценарио како вотриот, со таа разлика што Димитров направи брејк за конечна победа.