Top Sport

Димитров се врати на време, го очекува финале со Гофан

Григор Димитров имаше сè во свои раце и за малку ќе му избегаше. Бугарскиот тениски ас, кој покажа најдобра форма на АТП финалето во Лондон, се врати по лошиот прв сет за да го победи со 4:6/6:0/6:3 Американецот Џек Сок и да обезбеди финална пресметка со Давид Гофан, кој претходно го шокираше Роџер Федерер во првото полуфинале.

Димитров водеше со 3:0 во првиот сет, пред да дозволи Сок, кој последен се пласираше на завршниот турнир за најдобрите осум тенисери на светот со трофеј во Париз, да се врати во игра и да го освои сетот со 6:4. Ментално, Димитров не падна, и фуриозно го освои вториот сет со 6:0, пред со два брејка во одлучувачкиот сет да обезбеди нова пресметка со Гофан.

Димитров го „збриша“ Гофан во натпреварите по групи, и е апсолутен фаворит да го освои најголемиот трофеј во својата кариера, и конечно на 26 години да го реализира својот потенцијал и да ги замолчи критичарите.

Супер-сензација – Гофан го помина Федерер во Лондон!

Димитров го „уништи“ Гофан

Scroll to Top