Top Sport

Димитров во пет сета го „скрши“ Типсаревиќ

Григор Димитров и Јанко Типсаревиќ одиграа спектакуларен меч во првото коло на Ролан Гарос. Бугаринот по три часа и седум минути избори пласман во втората рунда.

Типсаревиќ, кој поради серијата на повреди падна на 317 позиција на АТП листата, против 47 на листата Димитров, успеа да се врати во мечот откако ги загуби првите два сета, а потоа потклекна во финишот на решавачкиот сет, во кој пропушти брејк топка при резултат 4:5.

Годинава ова е втора победа за Димитров над Типсеревиќ. Бугарскиот тенисер го доби и нивниот дуел на Австралија опен.

Димитров во втората рунда ќе игра против Марин Чилиќ. Хватот во првата рунда лесно го победи Италијанецот Томас Фабијан.

Scroll to Top