Кинезот Динг Џунхуи ја освои титулата на Отвореното првенство на Обединетото кралство во снукер. Во финалето тој со 10-6 го победи Британецот Стивен Мегваер.
Динг по првиот дел од финалето водеше 5-3, потоа освои уште два фрејма за 7-3, Мегваер потоа се обиде да се врти во мечот но не успеа.
Динг трет пат во кариерата ја освои титулата во Јорк. Кинезот стана петтиот играч кој успеал најмалку три пати да ја освои титулата на овој престижен турнир. Тој им се приклучи на Рони О’Саливен кој има седум трофеи, односно на Стив Дејвис (6), Стивен Харди (5) и Џон Хигинс (3).