Андријана Поп Арсова е победи на трката на 10 километри во Охрид, откако организаторот ја дисквалификува српската репрезентативка Оливера Јевтиќ. Како што соопшти организаторот Јевтиќ ја „скратила“ патеката за 360 метри.
„Организаторот на Охрид трчаТ, Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт со жалење ја известува целокупната спортска јавност дека натпреварувачот Оливера Јевтиќ од Србија со стартен број 910 при трчањето на вториот круг на трката на 10 километри ги прекрши правилата на патеката и на таков начин ја скрати патеката за 360 метри. После прибирањето на дополнителните информации, фото, изјави на учесници и посебно изјавите на судиите Марјан Бошалески и Пеце Георгиевски задолжени за судиско место Кеј Македонија – Хотел Ројал одлучивме натпреварувачот со стартен број 910 да го дискфалификуваме од трката на 10 километри конкуренција жени. На таков начин официјален победник на 10 километри на „Охрид трчаТ 2018“, во женска категоријата е Андријана Поп Арсова, втора е Миљана Ристиќ додека трета е Весна Кираџиева“, се вели во соопштението на организаторите.
Инаку, Јевтиќ во целта имаше време 35:42 минути, односно за пет и пол минути беше побрза од Поп Арсова.