Top Sport

Џад Трамп е новиот број 1 во снукер

Џад Трамп го совлада Џо Пери со 6:2 во осминафиналето на Интернационалниот шампионат во Дакинг, Кина, по што осигура враќање на првото место на рејтинг-листата пред Рони О’Саливен.

29-годишниот Трамп, кој оваа сезона освои три ренкинг-титули покрај Светското првенство во мај, ќе добие 21.500 фунти за пласман во четврт-финалето. Тој се враќа на првото место првпат од 2013 година, поминувајќи го Рони О’Саливен и сега ќе игра со Том Форд во четврт-финалето.

„Секогаш е добро да си на првото место. Марк Селби долго време беше број 1 и прекрасно е што повторно сум тука. Кој ќе каже дека не сака да е прв, секако лаже“, изјави Трамп.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');