Џад Трамп ја освои својата прва светска титула во снукер, откако со 18:9 го „растури“ ветеранот Џон Хигинс на „Крусибл“ во Шефилд, нанесувајќи му трет финален пораз во низа на четирикратниот светски шампион.
Трамп во неделата освои осум последователни фрејма за да ја преземе контролата на своето второ финале, и се врати во понеделникот со само два потребни фрејма , освојувајќи ги за 22 минути без да му даде шанса на Хигинс да уфрли ниту една топка.
Ова беше наједностраниот триумф во финалето на Светското првенство од 2009, кога Хигинс го победи Шон Марфи со ист резултат. Шкотланѓанецот, овојпат, беше надигран од Трамп, кој заслужено ја освојува својата прва титула.