Top Sport

Џакара донесе прво зимско злато за Австралија по 12 години

Џакара Ентони го освои првото злато на Зимска олимпијада за Австралија по пауза од 12 години, откако триумфираше на натпреварувањето могулс во фристал скијање, пред Американката Џелин Коф и Русинката Анастасија Смирнова.

Могулс натпреварувањето претставува трка во која скијачките се спуштаат на патека полна со нерамнини поставени на 3.5 метри, а покрај тоа има и скокови, а победникот се утврдува со поени доделени според брзината, техниката на поминувањето на нерамнините и скоковите. Спортот е на Олимписките игри од 1992 година.

Scroll to Top