Top Sport

Џејк Пол со еден пеколен удар го „патосираше“ Вудли

Популарниот Јутјубер, а сега подолго време професионален боксер, Џејк Пол со брутален нокаут со еден удар го „реши“ Тајрон Вудли во римечот во Флорида, најавувајќи крај на боксерската кариера и трансфер во ММА борбите.

По меч во кој немаше многу акција, Пол го упати клучниот удар во шестата рунда, погодувајќи го Вудли со силен удар на десницата кој го прати поранешниот УФЦ шампион со директно со лицето на подот. Ова беше најголема победа во кариерата за Јутјуберот, кој сега има 5-0 скор, и доаѓа откако изгледаше уморен по првите пет рунди.

24-годишниот Пол требаше да биде во рингот со Томи Фјури, полубратот на шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури, но Британецот се повлече поради повреда.

„Тајрон е легенда и го почитувам што го прифати мечот. Томи Фјури пак е кучка која се повлече од мечот. Беше тешко. Имав крв во очите, но ја завршив работата. Морав да се потрудам и го удрив толку силно што падна како дрво“, изјави Пол.

Тој исто така ги предизвика Нејт Дијаз и Хорхе Масвидал, двете ММА легенди кои беа во публика.

„Видете ми ја годината – четири меча, четири нокаути. Масвидал и Нејт Дијаз, вие сте следни кучки. Каде сакате“, предизвика Пол.

Scroll to Top