Top Sport

Најбрзиот човек на светот е Италијанец! Џејкобс е сензационалниот шампион на 100 метри

Иако никој не сметаше на него, Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс стана новиот олимписки шампион во најелитната атлетска трка на 100 метри, станувајќи неочекуван наследник на недостижниот Јусеин Болт.

Џејкобс ги изненади американските фаворити за да триумфира со одлични 9.80, за второ италијанско злато во неколку минути на олимпискиот стадион, откако прво Џанмарко Тамбери го подели златниот медал во скокот во височина со Катарецот Мутаз Еса Баршим.

26-годишниот Џејкобс е роден во Тексас – татко му е Американец, а мајка му Италијанка, но од својата прва година живее во Италија, каде што кариерата ја почна како натпреварувач во скок во далечина, пред да се префрли на спринтерските трки.

Американецот Фред Керли со 9.84 секунди го освои сребрениот медал, додека Канаѓанецот Андре де Грас беше бронзен со 9.89. Кинескиот фаворит Су Бингтијан, кој постави неверојатен азиски рекорд од 9.83 во полуфиналето, на крајот беше последен.

Scroll to Top