Top Sport

Џиро: Јуан со втора победа, Вивијани пак потфрли (видео)

Австралиецот Кејлеб Јуан (Лото-Судал) стигна до својата втора етапна победа на Џиро Д’Италија со фантастичен спринт на 11. етапа откако италијанскиот фаворит Елија Вивијани (Квик степ) повторно потфрли.

Јуан го победи Французинот Арну Демар (Групама-ФДЈ) за втора победа по таа на осмата етапа, додека Паскал Акерман (Бора-Хансгрое) по страшниот пад во вторникот, успеа да стигне до третото место. Вивијани, најголемата италијанска надеж за етапни победи оваа година, на крајот заврши како четврти.

Во генерален пласман, Валерио Конте (УАЕ Тим Емирати) останува со розевата маичка со 1:50 предност пред словенечкиот фаворит Примож Роглич, пред стартот на „вистинската“ борба за победа во генерален пласман.

Етапата број 12 треба да го почне планинскиот дел на трката, бидејќи велосипедистите првпат ќе се соочат со искачување од прва категорија (Монтозо), пред првиот голем ден на Алпите в петок.

Scroll to Top