Top Sport

Руди Гарсија заминува од клупата на Марсеј

Тренерот на Олимпик Марсеј, Руди Гарсија потврди дека заминува од францускиот клуб на крајот на сезоната по низата разочарувачки резултати.

Французинот лани го предводеше Марсеј до финалето на Лига Европа, но оваа сезона славниот клуб не успеа да се квалификува за Лигата на шампиони и е на шестото место во Лига 1.

„Решив да заминам. Го предложив ова на мојот претседател Жан-Анри Ејро, кој ја прифати мојата одлука“, изјави Гарсија на прес-конференцијата пред последниот меч од сезоната против Монпелје в петок.

Гарсија беше во Марсеј од 2016 година, кога пристигна од Рома.

Scroll to Top